Фабриката “LaRoucci Voda” од Мионице, која е во сопственост на славниот српски кошаркар Владе Дивац, и ја произведува водата ВОДА ВОДА, од понеделникот повеќе не работи.
Во фабриката “LaRoucci Voda” од понеделник сите вработени се на колективен одмор. Известувањето за ова, никој не го потпишал бидејќи директорот Самир Цамовиќ не доаѓал на работа.
-Во понеделникот на огласна табла, шефицата на смена Лилјана Павловиќ истакнала известување во кое се вели дека, по налог на Директорот Самир Цамовиќ, сите работници ќе одат на колективен одмор на неопределено време, вели Дејан Јанковиќ работник “LaRoucci Voda.
Јанковиќ додава дека работниците чувствуваат дека веќе нема да се вратат на работа. Сите мислиме дека ова е крај за фабриката и дека ќе останеме без работа и без заработените неисплатени плати. Има луѓе кои имаат по три или четири деца, а со месеци немаат земено ниту динар. Сега не пуштија на колективен одмор и се плашиме дека тоа ќе биде кра