НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерката не знае колку чини Стариот театар

0
By on March 27, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска се извини што новата зграда на Стариот театар не е пуштена како што беше најавено. Како главна причина таа го наведе раскинувањето на договорот со фирмата „Конструктор инжинеринг“ и распишување на нов тендер со друга фирма. Се доцнело и со партерното уредување и поставувањето на позлатената орнаментика, заради временските услови.

„Се извинувам за доцнењето, но сакаме квалитетно и комплетно да ги завршиме работите. Планираме театарот да го предадеме со целокупно уредување со цел мебел.“, рече Канческа Милевска
Новиот театар ќе биде отворен на крајот на мај со отворање на музејска поставка  за историјата на македонскиот театар, која ја конципирала Јелена Лужина.

Камен темелникот за новиот театар, на темелите на стариот, беше поставен во 2008 година, беше планирано да чини 6 милиони евра, но, министерката за култура Канчевска Милевска се уште нема точни податоци колку чини новиот театар.

Според податоците што се достапни од Бирото за јавни набавки, цената за изградба и опремување на Стариот театар достигнува сума од повеќе од 39 милиони евра. Оваа бројка е добиена од објавените податоци за склучени договори.

Според архитектот Јован Стефановски-Жан, се работи за седумгодишен процес во кој идеите се менувале и дополнувале во од и фазите биле последователни. Истакна дека објектот е граден во истосриски контекст зашто целта била да се продолжи мислата на старите градители, но стариот театар да се збогати со нови идеи.

Според режисерот Дејан Пројковски сумата од 39 милиони не ништо споредена со хонорарите на холивудските актери.

Од склучувањето на првиот договор за изградба на Стариот театар во 2007 година, договор кој не е објавен на интернет страницата на Бирото за јавни набавки па до 25 март 2013 година. Овој последен договор од милион евра за изведување на противпожарни машински инсталации го добила скопската подружница на австриската фирма Страбаг. Тоа е фирма која што склучила со Министерството вкупно 8 договори во вредност од 13,5 милиони евра, од кои за дел е наведено дека се однесуваат на дополнителни и непредвидени работи, а дел се однесуваат на изведба на машински инсталации и за набавка на мебел.

Цената се зголемувала со дополнителни договори кои се однесуваат на непредвидени трошоци, без при тоа да биде наведено какви било детали за нив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.