НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: Претседателот, Уставниот суд и пратениците се нелегитимни

0
By Сашка Цветковска on March 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева смета смета дека изборните нерегуларности создале нелегитимни претставници на институциите Претседател на државата, пратениците, како и Уставниот суд.

– Со самите истраги за овие лица кои се или биле на високи функции во РМ и со доказите со кои располагаме кои во 80 проценти го докажуваат обвнинението со кое имаме намера да настапиме сметаме дека самиот избор и на претседателот и на Уставен судија и на пратеници е доведен во прашање. Сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат Специјалното јавно обвинителство за да ја утврдиле вистината, одговори Јанева на новинарско прашање со кое се побара коментар на скорешната одлука на Уставниот суд којшто му ги врати ингеренциите на претседателот да помилува осудени за изборен криминал и тоа во светло на истрагата на СЈО „Титаник“ во којашто осомничени се и поранешни и актуелни високи функционери од владата на ВМРО ДПМНЕ.

Јанева и Зврлевски се конфронтираа по жешките прашања

Јанева, заедно со државниот јавен обвинител Марко Зврлевски и шефицата на Националната дирекција за борба против национална корупција на Романија, Лаура Кудрети-Ковеси, денеска се говорници на конференцијата насловена “Ефективна борба против корупцијата на високо ниво, прашање на личности или на системи?“ во огранизација на МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка.

Гостинката од Романија ги пренесе искуствата на тамошното специјално тело за борба против корупцијата. Зврлевски и Јанева имаа судир околу случајот “Телеком“ како и опструкциите за кои Јанева тврди дека и ги приредуваат правосудните органи. Јанева зборуваше за постапките кои во моментов се водат во СЈО, додека Зврлевски зборуваше за успесите на Одделението за организиран криминал и корупција алудирајќи на тоа дека веќе постојат инстутуции кои се борат со корупцијата. Тој се пофали со случаи стари повеќе од 10 години.

Целата прес-конфернција на којашто Јанева, Зврлевски и Ковеси одговараат на новинарски прашања погледнете ја во видеото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.