НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Според истрагата во Брисел, терористот оставил тестамент

0
By Светлана Јовановска on March 23, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


По вчерашниот терористички напад во Брисел истрагата се чини доста брзо напредува. Федералниот обвинител Фредерик Ван Леу пред новинарите рано попладне даде повеќе детали.

Утринава беше уапсено едно лице за кое се тврдеше дека е еден од тројцата терористи по кои од вчера е распишана потерница. Но ова брзо беше демантирано а истражните судии се уште го испитуваат уапсениот.

Обвинителот рече дека двајца терористи се разнеле со експлозив на аеродромот. Едниот е Ибрахим Ел Бакрави а вториот не е се уште идентификуван. Во метрото, еден час подоцна, се разнел Калид Ел Бакрави брат на Ибрахим кој исто така е идентификуван. Во станот во кој вчера имаше претрес најдени се 15 килограми експолозив., 150 литри ацетон, детонатори, торба полна со клинци и друг материјал за правење бомби.

Двајцата браќа и се познати на полицијата како деликвенти и биле осудени за кражба и насилство.

Интересно е тоа што е најден, како што рече обвинителот, тестамент на Ибрахим во компјутер фрлен во канта за ѓубре. Тој напишал дека му се брза, дека не знае повеќе што да прави, дека полицијата го бара и дека, доколку одлага, ќе заврши, цитирам, «како него во ќелија».

Се претпоставува дека ова изразот, «како него во ќелија», се однесува на Салах Абдеслам, еден од терористите од Париз, кој беше уапсен во петокот во Брисел. Од ова истрагата дефинитивно е уверена дека бриселските напади се поврзани со париските. Оттука Франција и Белгија решија да работат рака под рака.

Се уште нема резултати од потрагата по лицето кое се наоѓало на аеродромот во друштво со камиказите. Но се знае дека тој човек, човекот облечен во светла јакна на сликата која беше објавена вчера, носел торба со експлозив кој експлодирал без да убие или рани некого. Истрагата се сомнева дека овој човек е терористот кој ги изработил бомбите за париските и бриселските напади.

Во вчерашниот претрес во еден бриселски кварт беше најдено големо количество експлозив. Терористите сакале овој експлозив да го земат со себе кога тргнале да вршат напади. Тие викнале такси и побарале да им се испрати комбе. Но такси службата по грешка пратила обична кола и во неа, за среќа, немало место за подготвениот експлозив.

Последните објавени податоци велат дека загинало 32 лица а 270 се ранети. Пред малку беше најдено уште едно тело на аеродромот. Според шефот на итната служба на една бриселска болница ова не е конечна бројка. За жал, рече тој, во вакви случаи околу 2 отсто од повредените починуваат во болница во деновите што следат.

Во меѓувреме, идентификувањето на жртвите оди полека поради силината на експлозиите а многу луѓе преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски од кои од вчера немаат вести. Податоците велат дека жртвите, загинатите и повредените, доаѓаат од 40 различни земји. Брисел е космополитска престолнина каде секојдневно на улица има луѓе од сите краеви на светот.

Конечно, властите од населението бараат да биде многу внимателно. Нивото на тревога останува на највисоко четрвто ниво во целата земја што значи дека опасноста од напад е блиска и непосредна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.