НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирацовски: Иво Ивановски го избрал набавувачот на компјутери

0
By Нова ТВ on April 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска објави документи во врска со проектот Компјутер за секое дете, кои како што рече „упатуваат дека злоупотребите  на тендери и процедури се правени директно од министерско ниво“.

– Претходниот министер, Иво Ивановски, донел Решение за избор на најповолен понудувач за проектот „Комјутер за секое дете“, ден пред Комисијата за јавни набавки да направи рангирање и да даде предлог за најповолен понудувач, што е против законски. Решението е потпишано од Ивановски, на 7-ми Април, 2009-та година, а Извештајот од спроведената постапка од Комисијата за јавни набавки при Министерството, е изготвен ден потоа, што според законот, требало да биде обратно, рече Кирацовски.

Според него, вкупната сума на оваа набавка на која што Ивановски „незаконски ставив потпис“ е 15 милиони долари.

– Каква противуслуга требала да врати предвреме избраната компанија, ЦТ Компјутерс ДОО Белград и ЦТ Компјутерс МК Скопје, за возврат на оваа услуга на Ивановски? Дали е тоа разликата во цена од 2,3 милиони евра помеѓу намерно избраната компанија и неизбраниот најповолен понудувач? Или се тоа 200-те илјади евра за платени, а неиспорачани лаптпопи за учениците?, праша Кирацовски.

Кирацовски посочи дека Извештајот на Државниот завод за ревизија укажува на недостатоци на дел од договорите за набавка на компјутерите.

„Компјутер за секое дете“ Ивановски Кирацовски МИОА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.