НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирацовски: Вработени во администрацијата ќе внесуваат податоци во ДИК

0
By Нова ТВ on April 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска објави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови кои треба да ги внесат податоците од теренската проверка на Избирачкиот список, во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија.

– Министерката Арсовска Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле лица вработени во Министерството, кои тие самите ги избрале, да го вршат внесувањето на податоците.

Ова е спротивно на Договорот од Пржино и спротивно на Законот за Влада, рече Кирацовски.

Тој презентираше писмо од ДИК до министерката Арсовска Томовска, до него како дополнителен заменик министер и до државниот секретар Јахија, со кое, како што рече, ДИК во петокот побарала кадри од МИОА за внесување на податоците од теренската проверка во 8 подрачни одделенија во Скопје и државата.

– Арсовска Томовска и Јахи Јахија сами ги составиле тимовите.  Спорно е и тоа што ДИК официјално изразува потреба од само 36 лица за 8 општини, а испратени се над 100 лица во скоро сите општински изборни комисии, истакна Кирацовски.

– Со цел да спречам евентуални малверзации, а и да ги поштедам вработените од МИОА од непријатната ситуација во којашто ги ставија Арсовска Томовска и Јахија, барам повлекување на тимовите составени во координација ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ. Инсистирам на двојна контрола при внесувањето на податоците поради што ќе побарам итен состанок со министерката и државниот секретар.

Укажувам на ДИК дека испратените тимови не се составени според обврската од Договорот од Пржино, списокот нема мој потпис, поради што барам на овие тимови да не им биде дозволено внесување на податоците од теренската проверка додека не се обезбеди побараната двојна контрола, рече Кирацовски.

Кирацовски МИОА Томовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.