Во издание на „Слово“, објавен е романот „Прозорци“- нова верзија, од Димитар Башевски. Овој роман, во неговата нова верзија (првата објавена 2010), добива нов волумен и ги продлабочува настаните и односите меѓу луѓето за коишто зборува.
Се работи за приказна која го поставува прашањето дали вреди да се живее за еден единствен сон, па макар да се работи за еден совршен роман или расказ и дека често пати она што не го гледаме ние за себеси, го гледаат другите.
Во својата препорака до читателите, романсиерот Ермис Лафазановски вели дека „Прозорци“ е психолошки длабок, стилски перфектно обликуван и јазички чист роман, лоциран во актуелното време и простор“
Писателот Блаже Миневски, пак, истакнува дека романот „Прозорци“ на „маестрален начин, како Рубикова коцка, ја расклопува човечката душа, составувајќи ја повторно парче по парче во приказната распната меѓу прозорецот на писателот што пишува ‘уметничка белешка’ за она што го чувствува и прозорецот на полицискиот инспектор од соседната зграда кој пишива ‘службена белешка’ за она што го гледа“.
Башевски е автор на десетина романи и пет книги поезија, голем дел од нив се наградени и објавени на повеќе јазици во Европа.