Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово над четириесет нелегални мигранти од земји од Блискиот и Среден исток се откриени во српско товарно возило во правец кон северниот граничен премин Табановце.
Полицијата утрово околу 4.15 часот на автопатот автопатот Куманово-Табановце, во близина на граничниот премин со Србија, забележале паркирано товарно возило „Фиат дукато“ со српски национални ознаки кое имало издишана гума и се упатиле кон него.
Човекот кој го управувал возилото, веднаш се дал во бегство.
При контрола во просторот за товар, пронајдени биле вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан. Тие се приведени во СВР-Куманово за натамошна постапка.