Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Јавноста мора да има увид во имотoт на функционерите

0
By Нова ТВ on April 11, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2016 10:29

По постапување, односно иницијатива на Комисијата за спречување на корупцијата, лани е решен само еден корупциски предмет во политиката. Најновиот извештај на државната комисија покажува дека  во 2015 година разрешени се вкупно 137 предмети. Лани на адреса на комисијата стасале 552 анкетни листови по избор и именување на функција а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба. Законот обврзува доставување на анкетен лист, но која е суштината ако тој не биде достапен на јавноста по заминување на функционерите од позиција, прашуваат експертите откако Државната комисија за спречување на корупција го даде на увид и го повлече анкетниот лист на поранешниот премиер Никола Груевски, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк.

Антикрупциска – синоним за (не) транспарентност?

Роковите течат, новоизбраните министри од ДУИ имаат 30 дена за да ги достават анкетните листови за имотната состојба. Засега, достапни се само анкетните листови на Башким Амети, министер за животна средина, кој поднел анкетен лист од позиција на директор на Агенцијата за управување со одземен имот и анкетниот лист на Арлинд Зеќири, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, кој веќе има пријавено од позиција на член на совет на општина Теарце. Во очекување на анкетните листови на новите избрани и именувани функционери, за јавноста остануваат “недостапни“ анкетните листови на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, кои се доставени до ДКСК, објавени и повлечени од увид.

– Ние сега сме во ситуација да вртиме рака со институција која треба да биде синоним за транспарентност. Да го затвориме ова прашање веќе еднаш. Ова значи дека податоците од анкетните листови, по закон , се јавни и тоа е суштината, односно не смее да се наруши принципот дека тој анкетен лист е јавен. Ние имаме состојба кога упорно се урива суштината на институцијата, целта на нејзиното постење“, вели за Порталб.мк еден од поранешните претседатели на државната комисија Драган Малиновски.

Додека експертите по антикорупција повикуваат на транспарентност на иституцијата која треба, како што велат да биде пример за транспарентност, првиот човек на комисијата, на последната прес конференција, ги праша новинарите зошто ги интересира имотната состојба на сега веќе поранешниот премиер Никола Груевски.

Токму одлуката, односно толкувањето на ДКСК дека законски нема обврска да ги стави на увид анкетните листови на порашени функционери, предизвика и партиски реакции.

– Претседателот на Антикорупциската комисија со самото прашање до новинарите, за тоа “зошто ги интересира имотната состојба на Груевски?“, стана соучесник во партизирањето и на оваа институција, директно кршејќи го член 33 од  Законот за спречување на корупцијата, каде јасно стои дека носителите на јавна функција имаат обврска во рок од 30 дена од стапувањето на должност да пополнат анкетен лист за имотната состојба. Истото важи и при напуштањето или преземањето на нова функција. Дотолку повеќе што анкетните листови од почетокот и крајот на премиерската функција на Груевски не се достапни на сајтот на Антикорупциската комисија и споредба не може да се направи, оценија од ЛДП и порачаа дека на ваков начин комисијата која треба да се бори со корупцијта, ја замајува јавноста.

Експертите велат дека достапноста до анкетниот лист на поранешните функционери е непоходна бидејќи само така јавноста може да направи споредба дали и колку се променила имотната состојба пред и по стапување на функција.

– Кога еден функционер ќе замине од функција, како ќе се оствари улогата на анкетниот лист, однсоно како ќе се добие увид во евентуалните промени во имотната состојба по стапувањето и по завршувањето на функцијата, ако тој нов анкетен лист не се објави. Значи, треба да има информации за имотната состојба при влез и утврдување на имотната состојба при излез од функцијата. Ако се оневозможи ова, тогаш се урива суштината ан анкетниот лист а со тоа и улогата на самата антикорупциска комисија. Би прашал по кој закон и каде пишува дека анкетниот лист, доставен по заминување од функција, треба да се тргне од увид на јавноста и како тогаш да се добие сознание за евентуални промени во имотната состојба на функционерот, вели за Порталб.мк Малиновски и додава:

„Во Европа, на ваков вид на регулаторни тела функционерите буквално им се “тресат“. Комисиите задолжени за антикорупција во принцип работат потранспарентно дури и во однос на она што е пропишано со законите, кај нас е обратно, она што е утврдено со законите – за загушува“.

Извештај на ДКСК за 2015

„Во периодот јануари – декември 2015 година се оформени вкупно 124 предмети по пријава за постоење елементи за корупција од граѓани, правни лица и предмети оформени по сопствена иницијатива на ДКСК. Во наведениот период  ДКСК  постапуваше по вкупно 273 предмети, од нив, решени се вкупно 137 предмети“, се наведува во Годишниот извештај на Комисијата за спречување на корупција.

Еве од кои области и колку случаи  лани  добиле разрешница :

-Спречување на корупцијата во вршење на јавните овластувања  41

-Спречување на корупцијата во вршење на работи од јавен интерес  41

-Правосудство 23

-Спречување на корупцијата во политиката 1

-Други предмети 31

Во два предмети, комисијата  одлучила до Јавното обвинителство да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на избрани или именувани лица, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал.

Во однос на обврската за доставување на анкетен лист, во извештајот се наведува дека  против седум избрани и именувани лица до надлежниот суд било поднесено барање за поведување прекршочни постапки поради недоставување анкетен лист, односно непријавување промени на имотната состојба. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања, судовите донеле 19 одлуки, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк.

Лани на адреса на комисијата стасале 552 анкетни листови по избор и именување на функција а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба.

анкетен лист Антикорупциска Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.