НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бразилскиот парламент ќе одлучува дали Русеф ќе остане претседателка

0
By Нова ТВ on April 12, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната комисија на бразилскиот Парламент препорача отстранување од должноста на левичарскиот претседател на Бразил, Дилма Русеф, пренесуваат француските медиуми.

Специјалната комисија во чија работа учествуваа 65 пратеници, со мнозинство гласови одобри незадолжителен извештај со кој на пратениците во Парламентот им се препорачува да гласаат за поддршка на процедурата за отстранување на Русеф од должноста.

Согласно бразилското законодавство, решението на комисијата треба да се разгледа на пленарна седница на Долниот дом на Парламентот. Нејзиниот извештај во петок на пратениците ќе им биде предаден на разгледување. Доколку Домот на пратениците ја одобри препораката со две третини од гласовите (342 од 513) на 17 или 18 април, процедурата за отстранување од должноста ќе биде разгледана во Сенатот, кој го има последниот збор.

По бурна 11-часовна дебата, придружена од мноштво навреди и напади, 38 пратеници од комисијата гласаа за продолжување на процедурата за импичмент, наспроти 27 „против“.

Опозицијата ја обвинува 68-годишната претседателка за манипулации со федералниот буџет и тоа во 2014 година, годината на нејзиниот реизбор, и во 2015 година, со кои сакала привидно да се намали размерот на државниот дефицит во текот на разгорувањето на рецесијата во земјата.

Илјадници Бразилци синоќа излегоа по улиците на Рио де Жанеиро, за да протестираат против импичментот на Русеф и да и ја изразат својата поддршка, пренесе ТАСС. Акцијата мина под наслов „Не на државниот преврат“, како што приврзаниците на Русеф ја оценуваат оваа иницијатива за нејзино отрстранување од должноста.

Во протестот учествуваа поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, а, исто така, и многу бразилски артисти и интелектуалци. Според организаторите на настанот, во протестот се вклучиле меѓу 35.000 и 50.000 лица.

Бразил импичмент Русеф
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.