НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помилувани газдите на Нетпрес и вмешаните во случајот Израелска опрема

0
By Сашка Цветковска on April 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Објавувањето на одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на вклучените во кривичните и истражните постапки кои произлегуваат од скандалот со прислушувањето, но и други случаи, на виделина изнесоа и детаљи околу лица за кои досега не беше познато дали и какви постапки се водат во јавноста, но фрлија и сомнеж околу надлежностите на  претседателот на помилува лица од случаи кои биле само во предистражна постапка.

Дел од овие лица беа „главни ликови“ во многу од истражувањата на кои работеа новинарите на НОВАТВ. Нивните имиња беа поврзувани со сомнежи за трговија со влијание, корупција и финансиски малверзации. Покрај Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Дејан Митровски-Урко, Зоран Заев, Бранко Црвенковски и плејада други, во одлуката објавена денеска се појавија и имињата на Коста Крпач, Владислав Стајковиќ и Христијан Панев.

Кои се Стајковиќ и Крпач

Аферата со прислушувањето отвори низа горчливи прашања за тоа дали опремата за следење на комуникациите се користела законски. Но, „бомбите“ на Зоран Заев открија сомнежи и за други незаконски дејствија во оваа институција. Јанева веќе го побара случајот „Израелска опрема“ во којшто осомничен за поткуп е Сашо Мијалков, а вмешан е и Владислав Стајковиќ.

НОВАТВ минатата година го истражуваше случајот со изреалската опрема, а дел од лицата и компаниите кои се споменуваа во прислушуваните телефонски разговори беа фокус и да други истражувачки стории на НОВАТВ, како и на проектот за истаржување на медиумската сопственост „Медиапедиа“.

Владислав Стајковиќ или во бомбите нарекуван „Влатко“ е личноста со која судијката од Управниот суд, Светлана Костовска договара што да стои како основ за да легнат парите од договорените провизии утврдени во разговорите со директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во транскриптите коишто опозицијата ги доставува до медиумите, „Влатко“ е напишан како Влатко Стајковиќ, а во еден од телефонските снимки помеѓу Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата, а со Влатко се договара со каква назнака би легнале истите.

НВСП, според досегашните објавени истражувања на базата за медиумска сопственост „Медиапедија“ е компанија којашто се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија во кое што свои емисии имаат Миленко Неделковски, новинарките на Сител телевизија Славица Арсова и Наташа Мерсовска, професорката на правниот факултет Татјана Каракамишева, екс-вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и други новинари и експерти кои што во јавноста важат за блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ. Радио Слободна Македонија има седиште на иста адреса со неделникот и портал „Република“, чијшто газда е фирмата „Ирезине Лимитед“ од државата Белизе.

Фирмата НВСП ја поседува и телевизијата К3 (поранешен „Златен канал“) од Куманово. НВСП е формирана во 2006 година. Стајковиќ, покрај тоа што е основач на НВСП, тој е и директор на фирмата „Мобико“, каде што сопственик е извршниот директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски.

Луковски, пак, приватно е близок пријател, а од неодамна и кумашин на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Шефот на тајната полиција беше кум на свадбата на Луковски со неговата избраничка годинава.

Стајковиќ, исто така, е и член на Надзорниот управен одбор на Државна видео-лотарија, новата заедничка фирма на македонската Државна лотарија и на австриската „Касинос Аустриа“, преку која ќе се организира видeо-лотаријата што неодамна ја најави Владата. НОВА пишуваше за овој случај, каде што откривме дека доминантен сопственик на „Касинос Аустриа“ е, всушност, офшор-компанија од Лугано, Швајцарија.

Владислав Стајковиќ, преку НВСП, бил и првиот газда на фирмата за обезбедување имот и лица, популарната СГС, но и прв газда и на скопската компанија „Финзи“, која денес под свое го има Нетпрес, еден од најгласните провладини медиуми.

Кога сме кај овие компании, тука влегува името на Коста Крпач.

Тој е академски сликар и  се води како директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.

Aко се погледне историјатот на фирмата „Финзи ДООЕЛ“, се гледа дека прв управител на фирмата во 2009 година бил Владислав Стајковиќ.  Не се знае со што се занимава оваа компанија бидејќи до веб страницата www.finzi-mk.com пристап има само сопственикот.  Како сопственик на „Финзи“ се води компанија од офшор дестинацијата Кипар.

Нејасно е како Иванов одлучил да помилува лица за кои се води само предистражна постапка, но и како претседателот во такви детаљи знаел какви истраги има во СЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.