Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковски до Иванов: Избришете го моето име од помилуваните

0
By Нова ТВ on April 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2016 14:41

Поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски во отворено писмо до Ѓорѓе Иванов вели не е изненаден од постапката за помилување, но бара неговото име веднаш да биде избришано од помилуваните бидејќи против него не се води никаква постапка.

Во продолжение, целосно писмото на Црвенковски:

Господине Ѓорге Иванов,

Во вчерашниот број на Службен весник на Република Македонија беше објавена содржината  на вашата антидемократска, антиправна и антидржаgна одлука. Одлука која по својата содржина, но уште повеќе и по својата намера е срамна и спротивна на здравиот разум.

Иако од ваша страна не може ништо да ме изненади, сепак бев вчудоневиден кога таму го видов и моето име и презиме.

Господине Иванов,

Ниту има било каква основа за такво нешто (против мене не се води било каква постапка), но што е уште поважно, ниту од вас ниту од било кој друг, ниту барам ниту прифаќам било какво помилување.

Од тука ве повикувам под итно да ја измените одлуката и да го избришете моето име и презиме од неа.

Со вас и со тие зад вас, да зависеа работите од мене ниту нешто ќе се преговараше ниту нешто од вас ќе се очекуваше. Одамна ќе се видевме на различни страни од барикадите на клучната средба на нашиот народ со својата судбина .

Се надевам дека и сите останати чии имиња се споменати во оваа ваша скандалозна одлука со индигнација ќе ја одбијат оваа ваша “милост” и ќе покажат барем трошка морал и достоинство.

 

Бранко Црвенковски Ѓорѓе Иванов помилување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.