Претседателот Ѓорге Иванов денеска, околу 12 часот, ќе ги прими амбасадорот на САД, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав.
Амбасадорите два дена бара средба со Иванов на која би ја објаснил одлуката за сопирање на сите судски процеси против политичари и нивни соработници, како и помилување на тие што веќе отслужуваат затворска казна, поврзани со дела што произлегуваат од прислушуваните разговори.
Амбасадорите и меѓународната заедница изразија загриженост поради одлуката на Иванов, истакнувајќи дека со тоа се доведува во прашање владеењето на правото.
Иванов во обраќањето до јавноста пред два дена рече дека политичката криза била увезена однадвор и оти Договорот од Пржино не ги дал саканите резултати. Од тие причини, како што истакна, самиот одлучил да даде аболиција и амнестија за да се стави крај на кризата.