Претседателот Ѓорѓе Иванов кој во моментов е на отворено интервју со телевизиските уредници, рече дека Специјалното јавно обвинителство е злоупотребено во предизборниот период, а амбасадорите ги пречекориле своите овластувања со вршењето притисок.
- Ѕвонење на телефон не е притисок? Одење по судовите не е притисок? Некои од амбасадорите ги пречекорија сите амбасадорски овластувања од Виенската конвенција за дипломатија. Тие доаѓаат и си одат, ние остануваме, ни ги оставаат навиките и преседаните кои и други ги користат. Тоа денес е недозволиво, рече Иванов.
Во однос на одлуката за колективна аболиција на 56 лица, Иванов вели дека тоа не е опструкција врз Специјалното обвинителство, бидејќи тоа ќе може да работи на постапките по изборите, но во предизборниот период тоа може да биде злоупотребено.
-Никој не може да спречи по изборите за поведувања постапка. СЈО е злоупотребено во овој предизборен период, јас го поддржувам, СЈО не може ниеден случај да затвори, но правна завршница во овој период ќе нема, ќе има памфлети во предизборниот период. Нека заврши предизборниот период па потоа, вели Иванов.