По најавата во српскските медиуми дека познатиот режисер Емир Кустурица, има намера да снима филм за трговијата со органи на Косово, претседателот на косовското здружение на филмски уметници, Лирак Челај, бара Емир Кустурица да се прогласи за персона нон грата, поради најавите дека ќе снима филм за трговија со органи на Косово. Тој исто така бара и реакција од меународните заедници, јавуваат српските медиуми.
Целај смета дека најавата дека Кустурица ќе снима филм за трговија на органи на Косово „претставува продолжение на анти-албанската пропаганда и Приштина би требало да го прогласи за персона нон грата“.
– За оваа најава се очекува да реагираат и локалните власти, но и меѓународните заедници. Кустурица не можеме да го нарекуваме уметник, бидејќи го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ – тврди Целај, кој е инаку челник на приштинската Демократска партија во Косово на Хашим Тачи.