Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Загрижени сме за состојбата во која работат медиумите

0
By Нова ТВ on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 19, 2016 10:42

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека слободата на медиумите беше и останува едно од врвните приоритети  на реформската агенда на Европската комисија во соработката со Македонија во рамките на договорот за стабилизација и асоцијација.

Ова еврокомесарот Хан го истакнува во одговорот на писмото  на претседателот на Европската федерација на новинари, Могенс Бјергард, кој кон крајот на февруари на барање на ЗНМ инсистираше од Европската комисија да се ангажира повеќе за медиумски реформи во Македонија, како предуслов за организирање на слободни и кредибилни избори.

Во соопштението од ЗНМ се пренесува дека комесарот Хан вели дека слободата на изразувањето е една од областите опфатени во листата на Ургентните приоритетни реформи изготвен од Европската комисија по објавувањето на скандалот со прислушување.

Комесарот Хан потсетува дека Европската комисија постојано го критикувала немањето на политичка независност и балансирано известување на јавниот радиодифузен сервис, немање на транспарентност за владиното рекламирање и обезбедување непречен пристап на новинарите во информациите од јавен карактер.

Тој вели дека Европската комисија постојано ја следела состојбата со слободата на изразувањето, а во годишниот извештај изразува сериозна загриженост за медиумската култура и политичкото опкружување во Македонија во кое работат медиумите.

– Во сите наши контакти постојано сме подвлекувале дека правото на медиумите да пренесуваат информации и идеи од јавен интерес и правото на јавноста да ги добие нив, не смее да се поткопува преку политичко влијание врз уредувачката политика и врз работата на новинарите, пред, во текот и после изборите, истакнува Хан во писмото.

Според него, за надминување на постојните проблеми во медиумите потребна е политичка волја од државните институции постојното законодавство да го спроведат соодветно.

– Заради тоа ние продолжуваме да ги охрабриме сите политички лидери да придонесат за здраво медиумско опкружување што е неопходен услов за веродостојни избори, смета комесарот Хан.

ЗНМ избори писмо Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.