НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворениците бараат помилување од Иванов со намалување на казните

0
By Нова ТВ on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од половина затвореници досега ставиле свој потпис на списокот на осудени лица кои бараат помилување од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Барањата се од затворот Идризово и тоа од женското и машкото одделение, како и од Штип, но сепак нивните застапници очекуваат бројката денеска да расте со барања и од другите затвори ширум земјава. Затворениците не бараат целосно помилување, туку намалување на казните во зависност од волјата на претседателот, а списокот до крајот на денот ќе биде испратен до Иванов.

-Осудените лица кои бараат помилување се скромни, не бараат да им се прости казната, зависно од затвор до затвор бараат 30 до 50 проценти намалување на казната. Јас сфаќам дека ова во јавноста на еден начин ќе одекне дека криминалците се бара да се пуштат надвор – не е точно! Тие луѓе се осудени, за она што го сториле веќе ги издржуваат казните, но ниеден од нив нема таква доблест да бара укинување на казната. Свесни се дека згрешиле и бараат само намалување на казната. Треба да се има милост ако споредиме со оние на кои им е дадена. Ако имаше доблест да го направи она што го направи претседателот, мислам дека и овие луѓе заслужуваат, рече адвокатот Звонко Давидовиќ.

Затворениците посочиле дека доколку нивното барање не биде разгледано во разумен рок, тие ќе ги искористат сите законски можности за вршење притисок.

-Ќе го радикализираат полека протестот, штрајк со глад и ни беше кажано дека нема да одат надвор од законот. Нивните семејства нема да гласаат, а мислам дека и штрајкот со глад е извесен притисок, рече Давидовиќ.

spisoci
Од вкупно 3 152 осудени лица, до денеска 1 803 ставиле потпис на списокот кој ќе биде испратен до Иванов

Одлуката на Иванов за колективна аболиција на 56 лица, меѓу кои политичари од власта и опозицијата предизвика бура реакции во јавноста. Веќе втора недела по ред масовни протести против аболицијата се одржуваат во Скопје, а од вчера и во останатите градови ширум Македонија.

аболиција Ѓорѓе Иванов затвореници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.