НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести пред Владата па пред ЕУ центарот

0
By Нова ТВ on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демонстрантите се упатија кон ЕУ Инфо центарот каде ќе порачаат дека не сакаат преговори помеѓу партиите. Претходно тие се преселија пред седиштето на Владата на Република Македонија преку Градскиот плоштад, каде што се пееше и се скандираше против претседателот Иванов и власта.

policijaДемонстрантите им доставија и неколку прашања на полцииските сили кои го обезбедуваа Собранието.

Полицијата која пак ја обезбедуваше зградата на Владата, ги спушти штитовите пред граѓаните кои искажуваат револт.

-Го опљачкаа народот, ги аболицираа  тие што го украдоа народот, сме станале како на времето Бугарија што беше, гладува народот, а они споменици ќе градат. Само местат меѓунационална омраза. За три марули ќе казнува човек а за милиони ќе аболицира, вели Али, еден од демонстрантите за НОВА.

-Јас сум Македонец а комшиите ми се Турци и сите се незадоволни а верувам и Албанците исто така. Груевски е ист како Чаушеску во Романија кога беше, вели Љупчо.

-Целосно ги поддржувам барањата на Протестирам, пред се запирање на аболицијата и оставка од Иванов, поддршка за СЈО и формирање на Специјален суд бидејќи овој е под контрола на власта. Преговорите во Виена се само продолжување на агонијата и нема да донесе никаква разврска, нема причина после 100ти пат да се преговара со врхушката на ВМРО, вели Васко, учесник во протестите.

dole stitБарањата на #Протестирам:

Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

 

протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.