НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортери без граници: Македонија на 118 место од 180 земји

0
By Нова ТВ on April 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија годинава е на 118-то место на ранг листата на Репортери без граници, посветена на слободата на печатот, од вкупно 180 рангирани земји, што е пад за едно место од минаната година.

– Клевета беше отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата се заменети со граѓански постапки, каде се можни големи парични и затворски казни за новинарите и за сопствениците на медиумите. Најмалку 580 тужби за клевета се поднесени од крајот на 2014 година досега, неколку десетици од нив против новинари. Како резултат на тоа, според анкетата на Македонскиот синдикат на новинари и медиумски работници повеќе од половина од новинарите во Македонија велат дека се цензурираат, наведуваат од организацијата во најновиот извештај за слободата во медиумите во 2015 година.

Најдобар резултат на листата од вкупно 180 земји што ја подготви невладината организација со седиште во Париз, има Финска, пред Холандија, Норвешка, Данска и Нов Зеланд. Најлошо рангирани се Кина, Сирија, Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја која е последна на листата. Инаку, ова е шеста година по ред како Финска ја предводи листата на Репортери без граници.

Општа е оценката дека слободата на печатот во 2015 година се влошила во целиот свет.

– Слободата на медиумите во светот е во „голем и загрижувачки пад“ поради притисокот на властите и корпорациите, велат од Репортери без граници.

2015 Македонија раг листа Репортери без граници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.