Откако Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го тргна бројчаникот кој во живо ги покажуваше статистиките на јавниот долг, денеска отворен е нов блог за тоа колку државата се задолжува секоја секунда.
Владата секоја секунда? Колку јавен долг има секој од нас? Колкава e каматата? Дознајте на javendolg.mk
„Целта на сајтот е да се зголеми информираноста за јавниот долг во Македонија и да придонесе за зголемување на транспарентноста на јавните финансиии.
Податоците кои се прикажани на бројачите се проценки, на база на последните официјални податоци од Министерството за финансии и Државниот завод за статистика. Како се прават проценките може да се види со клик на бројачите. Во објаснувањето на пресметките има линкови до изворните податоци.
Проценките редовно ќе се ажурираат, како што ќе бидат објавувани нови податоци за јавниот долг од страна на Министерството за финансии (вообичаено, на секои три месеци). Секое ажурирање ќе биде уредно документирано и јасно истакнато.“ пишува на блогот.