Колоната демонстранти од Собранието преку плоштадот Македонија помина и во моментот е стационирана пред Владата на Р. Македонија. Продолжуваат да скандираат„Нема правда, нема мир“, а во првите редови пред Влада се веат врзани македонското и албанското знаме, јавува новинарката на НОВА Славица Филиповска.
Претходно, во своите говори пред Собранието дел од активистите најавија дека протестите ќе продолжат без разлика на преговорите во Виена, бидејќи слободата и достоинството, кои како што велат, оваа власт ги погазила, немаат цена. Протестот е масовен и мирен и не се знае дали ќе продолжи на друга локација или ќе заврши пред Влада.