Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу ги повика „сите вработени во Министерството за внатрешни работи да ги почитуваат основните вредности на институцијата“.
„Постоењето на различни култури со нивни вредности и норми во состав на сите хетерогени категории во МВР е сосема природно. Поделбата на улогите и вршењето на должностa во согласност со важечките закони го подига нивото на институционално управување. Стабилноста на Министерството за внатрешни работи не треба да се доведува во прашање под било кои околности. Различните културни идентитети на хетерогените категории на вработените во МВР секогаш треба да останат во согласност со правото и правдата. Тие може да се претворат во проблем доколку се судрат со основните вредности на институцијата. Да останеме верни и совесни до крај за владеењето на правото, за функционирање на правната држава и примена на суштинските европски стандарди“, вели министерот Нухиу.