НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На СДСМ не им е дозволен увид во Избирачкиот список

0
By Влатко Чаловски on April 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако според прочистениот текст во 2014 на Изборниот законик, партиите имаат право на увид во Избирачкиот список, на пратеникот Стефан Богоев од СДСМ, денеска не му беше дозволено во името на партијата да го направи тоа.

Богоев со печат од партијата СДСМ во подрачната единица на Државната изборна комисија во Центар побара увид по што му одговорија дека тоа може да го направи само индивидуално за себе, односно со своите лични податоци.

Според Богоев, ова било доказ дека се крие хаосот во Избирачкиот список и бројката на како што вели „фантомските гласачи“.

Тој ги потенцираше предусловите на партијата за фер и демократски избори, а тоа се однесува на комплетно прочистена листа на гласачи, на реформи во медиумите и на одвојување на партијата од државата.

Во Изборниот законик, во членот 49, став 5 се вели:

„Политичките партии во текот на јавниот увид до заклучувањето и потпишувањето на  избирачкиот список можат да направат увид  на податоците во Избирачкиот список“.

Досега во работата на Државната изборна комисија, од Избирачкиот список се бришат 3.131 лица за кои е утврдено дека се починати и две лица кои имаат два матични броја, останатото останува статус кво како и претходните списоци.

Последната реакција за ова неодамна дојде од ИФЕС. Според набљудувачот Џон Арон, детална проверка на списокот е невозможна до 5.јуни кога се закажани и изборите.

„…Барањата до МВР за проверка на информациите кои веќе ги имаме и кои беа користени при вкрстената проверка, нема да донесат информации и не обезбедија уверување за веродостојноста на податоците кои се проверуваат. Според сознанијата, МВР може детално и конечно да ги провери сите идентификувани проблеми, но на законскиот процес за ова ќе му треба време и тоа не може да се направи до изборите на 5 јуни“, се вели во извештајот на Арон доставен до ДИК.

Богоев Избирачки список ИФЕС СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.