Новинарот Зоран Божиновски денеска треба да биде изнесен пред судија во претходна постапка.
Божиновски беше уапсен на 21 април во Нови Сад и експресно екстрадиран во во Македонија. Ова е првпат од екстрадицијата тој да биде изнесен пред суд. Тој се наоѓа во Истражниот затвор во Шутка, а понатамошната постапка против него ќе ја спроведува Министерството за правда.
Божиновски беше уапсен по налог на српското Министерство за правда по меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“.
Божиновски во неколку наврати тврдеше дека ова е монтиран случај бидејќи меѓу другото, на власта не и одговарале неговите новинарски написи.