НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов:Владата не успеа да ги добие сите средства од денешната аукција

0
By Нова ТВ on May 3, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната аукција на државни записи и обврзници, Министерството за финансии не успеа да ја запише сумата што ја побаруваше врз основа на проспектите објавени на 26.04.2016 година, изјави дополнителниот заменик министер за финансии во оставка, Кире Наумов.

Според него тоа значи дека „банките кои заклучно со месец март 2016 година се сопственици на 46,46% од недостасаните државни хартии од вредност полека ја подигаат кочницата“.

– Станува јасно зошто каматните беа покачени за повеќе од 60% во последните 365 дена. Тоа беше единствената алатка преку која министерот за финансии се трудеше да продолжи со темпото на задолжување зацртано од оваа власт. Јавните финансии ни одблиску не се во состојба, каква креаторите на економските политики очајно се трудат да ја прикажат на граѓаните. Потврда за тоа денес пристигна и од финансискиот сектор, вели Наумов во писмената изјава.

– Под притисок од стручната јавност и од опозицијата, а секако и поради сопствените проценки,  клиентите на домашниот пазар полека се повлекуваат од запишувањето на државни хартии од вредност, а со тоа се зауздува и галопирачкото темпо на јавниот долг, кој заклучно со месец март 2016 година изнесува 4.33 милијарди евра, односно 47.2% од БДП, доколку би се пресметувал според методологијата прифатена во земјите на Европската Унија.

Министерот за финансии најверојатно ќе се обиде кусокот да го надомести веќе со наредната аукција по која не доспеваат долгови за враќање, но затоа повторно ги потсетувам клиентите на домашниот пазар дека ниедна одлука во Министерството за финансии нема согласност од мене, како Дополнителен заменик министер за финансии. Исто така постапката пред Управниот Суд за задолжувањата на домашниот пазар сеуште не е завршена, истакнува Наумов.

јавен долг Наумов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.