Published: Wednesday, May 4, 2016 20:22
По Тед Круз, единствениот противкандидат на Доналд Трамп кај Републиканците, Џон Кејсик исто така се откажува, јавува CNN, со што се отвора патот за милијардерот да биде номиниран за кандидат за претседател од оваа партија.
Според извори на CNN, одлуката на Кејсик доаѓа со тоа што увидел дека тој останал последниот противкандидат на Трамп.
Кејсик уште во март беше под притисок да излезе од трката поради не толку големата популарност при партиските избори.




