Во рамките на активностите на Шарената револцуија, која протестите денес ги насочи кон небалансираното известување на МРТВ, се пуштаа “бомбите“ објавени од опозицијата, се држеа говори за непрофесионалното работење, а исто така на полицајцие им се подарија цвеќиња во пресрет на Денот на полицијата.
На протестот настапи и Белизе бендот со саркастична песна насловена „Една мисла имаме, како да покрадеме“. Откако беше обоена оградата на мостот Слобода,боите не ја одминаа ниту МРТВ.
Протести денеска и покрај лошите временски услови се одржаа и во Битола, еден од најактивните градови за време на Шарената револуција. Во продолжение неколку фотографии од протестот таму.