Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американците и теориите на заговор

0
By on April 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 6, 2013 15:07

Новото истражување за теориите на заговор, спороведено на национално ниво, покажало дека 37 отсто од Американците веруваат дека глобалното затоплување е измама, додека 11 проценти веруваат дека владата дозволила да се случи терористичкиот напад врз Америка на 11 септември.

Овие изненадувачки резултати се дел од сеопфатна студија која испитуваше како политичка ориентација може да влијае на нашето верување во бројни теории на заговор.

Резултатите покажаа дека 34 отсто од републиканците веруваат дека светот е контролиран од страна на тајна група во споредба со 35 проценти од независните гласачи и 11 проценти од демократите.

Додека вкупно 44 проценти од Американците веруваат дека администрацијата на Буш намерно ги измамила луѓето за оружјето за масовно уништување во Ирак, со цел да започне војна во Ирак. Во ова веруваат до 72 проценти од Демократите и 27 отсто Републиканци.

И другите теории на заговор имаат свои следбеници – само 23 проценти од Демократите сметаат дека глобалното затоплување е измама, а повеќе од половина од Републиканците дека тоа е мит.

33 проценти од Републиканците веруваат дека Садам Хусеин бил на некој начин поврзан со нападот на Америка на 11 септември, а со тоа не се согласуваат дури 78 проценти од Демократите.

Одредени теории на заговор се подеднакво веројатни за двете групи, така, 51 проценти од Американците веруваат дека постои голем заговор да се убие Џон Кенеди, додека еден од десет смета дека Бигфуд навистина постои.

Вкупно 29 проценти од гласачите во Америка, веруваат во вонземјани, додека 21 процент сметаат дека во Розвел навистина се урнал вселенски брод на вонземјани.

Погледнете некои од резултатите:

– 6 отсто од гласачите во САД сметаат дека Осама бин Ладен се уште е жив

– 21 отсто тврдат дека НЛО се урна во местото Розвел 1947. година и дека владата тоа го крие.

– 28 отсто од гласачите сметаат дека светот е контролиран од страна на мала група на луѓе

– 28 проценти од испитаниците со прав на глас во САД верува дека Садам Хусеин имал никаква врска со нападот на Америка на 11 септември

– 20 отсто од испитаниците сметаат дека постои поврзаност помеѓу детството вакцинацијата и аутизмот

– 7 отсто сметаат дека слетувањето месечината е лажно

– 13 отсто од испитаниците сметаат дека Барак Обама е „Антихристот”

– 29 проценти веруваат во постоењето на вонземјани

– 9 проценти сметаат дека владата става флуор во водата заради некои „злобни” причини, а не само затоа што е здраво за забите.

– 4 отсто од испитаниците сметаат дека „луѓето гуштери“ го контролираат општеството и имаат политичка моќ

– 14 отсто сметаат дека навистина постои суштеството Бигфуд

– 15 проценти од испитаниците веруваат дека медиумите во своите телевизиски сигнали вметнуваат технологија за контрола на умот.

– 5 отсто веруваат дека гасовите што се гледаат во воздухот зад авионите се всушност хемикалии што ги фрла државата од некакви злокобни причини

– 15 отсто сметаат дека медицинската и фармацевтска индустрија “измислуваат” нови болести за да заработат повеќе пари.

– 5 отсто од испитаниците мислат дека Пол Макартни починал 1966 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.