По бројните објави во неколку медиуми дека директорот на УБК, Љупчо Андонов бил на разговор во специјалното обвинителство, Катица Јанева преку службениот меил ја демантираше информацијата.
– По однос на бројните прашања кои денес беа поставени до ова Јавно обвинителство Ве известуваме дека моменталниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андонов, не е повикан во ова Јавно обвинителство и информациите кои кружат во јавноста дека истиот наводно бил денес на распит, не се точни, пишува во кратката реакција упатена до некои медиуми.