Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Примената на Пржино ќе го одреди датумот на фер избори

0
By Нова ТВ on May 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 17, 2016 16:41

Владата што треба да се оформи по изборите од 5 јуни на кои ќе учествува само една партија, ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде кредибилен партнер на меѓународната заедница и земјата се повеќе се оддалечува од својата европска перспектива, изјави денес Европската комисија (ЕК) која смета дека во Македонија нема услови за кредибилни избори.

Портпаролката на комесарот Јоханес Хан и денес, по кој знае кој пат и денес повтори дека нема минимум услови за одржување на избори што би биле признати како кредибилни од меѓународната заедница.

„Ние и во минатото повторувавме дека треба да се прочисти Избирачкиот список, да се осигура баласирано известување на медиумите, да се истражат наводите, на пример, за заплашување на гласачите. Ова едноставно не е направено. Веруваме дека во вакви услови, каква било влада што ќе произлезе од вакви избори, во кои три од четирите големи партии не учествуваат, нема да биде кредибилен партнер на меѓународоната заедница“, рече Маја Коцијанчиќ.

Извор од ЕК за НОВА вели дека договорот од Пржино е тој што ќе одреди кога можат да се одржат фер избори. Неговата целосна примена треба да донесе услови за вакви избори преку чист Избирачки список околу кој ќе се согласат сите политички партии и преку реформа на медиумите околу кој ќе има согласност на сите.

Нашиот извор подвлекува дека ситуацијата во Македонија станува навистина сериозна. Тој додава дека Комисијата и повеќе земји членки прават голем притисок врз македонската власт во надеж дека изборите од 5 јуни ќе се откажат и дека претседателот ќе ја повлече аболицијата. Со тоа треба да се создадат услови за нови меѓупартиски преговори и исполнување на сите услови за да можат во наредните месеци да бидат закажани вистински избори.

„Договорот од Пржино предвидуваше одредени чекори што требаше да бидат преземени пред одржувањето на изборите. Ова не се случи и во моментот ситуацијата каква што е не гледаме услови за кредибилни избори“, рече Коцијанчиќ.

Таа во повеќе наврати денес инсистираше на почитување на договорот од Пржино. Овој текст и понатаму е валиден, тој треба да се примени и преку примената на овој документ може да се реши политичката криза:

“Ургираме до политичките лидиери да преземат одлучувачки чекори и да ја решат состојбата, со целосно почитување на договорот од Пржино. Јасно е дека нешто мора да се стори. Ние сме подготвени да помогнеме, но одговорноста пред се се наоѓа кај политичките лидери”.

Договор од Пржино ЕК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.