НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ховит, Кукан и Вајгл: Новата влада ризик за распад на Пржино договорот

0
By Нова ТВ on May 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската тројка директно инволвирана во решавањето на политичката криза во Македонија, Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан во заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради неуспехот на четирите партии да постигнат заедничко решение за надминување на политичката криза, што, како што велат, води кон целосно распаѓање на Договорот.

„Длабоко сме загрижени поради тоа што неодамнешниот дијалог меѓу главните политички партии не доведе до заеднички пристап во надминувањето на политичката криза во земјата. Во актуелната ситуација, ние сметаме дека составот на владата кој не се базира на договор меѓу сите партии претставува ризик за целосно распаѓање на Договорот од Пржино и го враќа проблемот за владеењето на правото, независноста на судството и медиумите, што сериозно го загрозува реформскиот процес и евроатлантската перспектива на земјата“, се вели во писмото на тројцата европарламентарци.

Според нив, Договорот од Пржино, дијалогот во Парламентот, отченоста и реформите за спроведување на избори, се најдобриот начин за придвижување на земјата од актулената криза.

„Иако потегот на Уставниот суд овозможи повторно свикување на Собранието и планирање на нови избори, ние веруваме дека кризата единствено би можела да се надмине доколку сите четири партии застанат зад Договорот од Пржино, создадат услови за кредибилни избори и ги имплементираат пошироките реформски приоритети кои се дел од Договорот од Пржино“, се додава во изјавата.

Ховит, Кукан и Вајгл потенцираат дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари и нивни соработници го крши Договорот од Пржино и е во „спротивност со владеењето на правото и функционалната демократија“.

„Исто така, партиите треба да обезбедат недвосмислена поддршка на Специјалното обвинителство и на неговата работа што е главен сегмент од Договорот од Пржино. Ние исто така веруваме дека ангажманот на опозцијата и на граѓанското општество играат критична улога во осигурувањето на посветеноста на владата кон потребните реформи. Како посредници на Европскиот парламент во овие процеси, ги повикуваме политичките лидери да покажат одговорност кон обврските од Договорот од Пржино и да одработат пред се за демократските аспирации и интереси на македонските граѓани“, се вели на крајот на заедничката на тројцата членови на Европскиот парламент.

европратеници политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.