Во исклучително тесната трка за претседател на Австрија по 72 отсто преброени гласови, дојде до промена на првото место. Ако во првиот круг и првите прелиминарни резултати првото место укажа на водство на Норберт Хофер од Слободарската партија, сега прв изби Александар ван дер Белен, независен кандидат и поранешен лидер на Зелените. Хофер сепак останува со делче од процент зад Белен кој има 50,1 проценти од гласовите, додека десничарот е зад него со 49,9 отсто од досега пребројаните гласови. Во првиот круг Хофер понесе убедлива победа со 58 проценти од гласовите, а останува да се пребројат оние гласови кои стасале по пошта.
За многу од австриските гласачи Белен е последната надеж земјата да не заземе правец кон екстремната десница претставувана од Хофер. Во анализите и прогнозите, пак, Хофер е проектиран како победник.