НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР го бара за распит и активистот Замир Мехмети

0
By Нова ТВ on May 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активистот Замир Мехмети кој е редовен учесник  на Шарената револуција очекува во секој момент да добие повик за распит во полициска станица. Полициски службеници го побарале во неговиот дом вчера, но бидејќи немало никој дома, од полицијата навестиле дека денеска ќе добие покана.

-Добив информација од адвокатот на други две демонстрантки, кој ќе биде и мој застапник дека уште од вчера ме барале, но немаше никој дома. Денеска е дома мајка ми, така да очекувам дека ќе ја достават поканата за распит. Јас и претходно кажав дека не бегам јас од тоа, ниту се кријам од некого, во моментот кога ќе добијам покана ќе се појавам во станица, изјави Мехмети за НОВА.

Пред само два дена, Мехмети во говор пред Собранието упати директна порака до министерот за внатрешни Митко Чавков.

-Господине Чавков ќе ви се обратам вас директно, бидејќи вас ве реизбраа за да не уплашите. Ќе ви кажам дека нема плашење, дека овој народ е разбуден и дека ќе ви шараме сè по список, не ви се плашиме. Ние шараме сред бел ден, не се криеме кукавички како вас, рече Мехмети.

Денеска во полициска станица Беко на распит беа повикани четири демонстрантки поради сторен прекршок за време на протестите на Шарената револуција.

Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска казнети се со 50 евра парична казна или општо корисна работа. Останатите две демонстрантки Ана Кркуљ и Ирена Штеријовска беа повикани со образложение дека сториле повеќе кривични дела за време на протестите на Шарената револуција врз основа на снимките направени од полициски службеници во цивилка, за што адвокатот Ѕвонко Давидовиќ  како нивен застапник вели дека доколку тоа се искористи како доказ, тие ќе поднесат кривична пријава против министерот Чавков, командирот и инспекторите, поради злоупотреба на службената положба.

-По Законот за јавна чистота никогаш нашите клиенти не биле сопрени од униформиран полициски службеник, нивните цивилки не вредат ништо по закон и ако не е легитимирано од униформиран службеник или комунален инспектор, прекршокот не е констатиран. Полицијата тоа го разбра и платните налози не ги издаде.  Фотографиите не може да се користат како докази, затоа што наредба за посебни истражни мерки за вакви кривични дела нема, а она што го користи полицијата не е валиден доказ, затоа што е неовластено снимање.

Укажавме дека доколку ги применат фотографиите како докази ќе им поднесеме кривични пријави за злоупотреба на службена положба против министерот, директорот, командирот и инспекторите. Не може да докажат дека на тоа место во тоа време е извршен прекршокот.  Едноставно се разделивме без никаков записник, вели Давидовиќ.

Повикувањето на демонстрантите на распит поради учество и прекршоци сторени на протестите, се случува во повеќе наврати од почетокот на Шарената револуција.

Претходно и професорот Гордан Калајџиев беше казнет со 50 евра поради фрлање на боја за време на протест. Досега на тројца демонстранти им се изречени условни казни,  додека на двајца – Здравко Савевски и Владимир Куновски осомничени за демолирање на Народната канцеларија на Иванов закажено е судење на 31. мај, а тие се во куќен притвор и не го признаваат делото.

#Шарена револуција Замир Мехмети протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.