Изминативе 40-ина дена, колку што траат протестите под мотото „Шарена револуција“, нашите соговорници Мирјана и Љупчо постојано можете да ги забележите пред полицијата со труба во рацете.
На почетокот, кога почнаа да го прават тоа, беа главна атркација за камерите и фотоапаратите, со непрестано трубење на неколку сантиметри од полициските штитови.
– На полицајците им трубиме за да им покажеме каде им е местото, односно дека тие припаѓаат со народот, вели Мирјана, која порачува дека криминалците треба да бидат во затвор а не во Владата.
Таа потенцира дека воопшто не е тешко да се бориш за својата слобода, потребна е само малку храброст. Од политичарите вели, најмногу му е револтирана на шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер.
Љупчо протестира поради криминалот, поради аболицијата, поради ненародната власт.
– Во една демократска држава, по “бомбите“ тие сами требаше да си дадат оставка а не народот да излегува на улица. Ќе излегуваме на протести колку што е потребно, порачува тој.
Го револтира тоа што некој лежи во затвор за 100 ќебапи, а политичарите со украдени милиони народни пари да бидат аболицирани и по 15 пати.