Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжен притворот на Савески и Куновски

0
By Нова ТВ on May 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 27, 2016 16:43

Кривичниот суд денеска одреди уште 30 дена домашен притвор за Здравко Савески и Владимир Куновски, членови на партијата Левица. Со оваа одлука обвинетите остануваат втор месец во куќен притвор поради обвиненијата за демолирање на народната канцеларија на Ѓорге Иванов.

-Со ваквата одлука уште еднаш се покажува дека правосудните органи се само маша, со која режимот ги извршува валканите работи. Не можејќи да ги исплашат нашите членови и со тоа да ги одвратат од протестирање, тие се решаваат на вакви очајни чекори. Паралелно со оваа одлука, во тек е и хајка на полициските служби кон протестирачите. Неколку наши членови беа запрени вчера на патот кон дома по протестот и беа легитимирани. Пред некој ден, две девојки беа следени од лица во цивилна облека на нивниот пат до дома по протестот, при што на груб начин, во тесен и темен премин, им било побарано да се легитимираат.

Нема дилема дека ова е дел од стратегијата на режимот, преку сеење страв, да проба да ги сузбие протестите. Но, нема да им успее, како што не им успеваше ни до сега!Ваквите мерки само не` прават посилни и го креваат револтот, што ќе резултира со уште помасовни протести.Со оваа одлука уште еднаш се покажува и неправичноста на нашиот правосуден систем. Додека политичари осомничени за тешки криминали се помилуваат, лица кои протестираат против ваквата одлука завршуваат во неверојатно долг куќен притвор. Ќе дојде времето на правдата! Многу скоро! И тогаш слугите на режимот ќе одговараат за сите нивни престапи! Ќе има правда, ќе има мир!, се вели во реакцијата на Левица.

Куновски и Савески се во домашен притвор од 25 април.

 

Куновски Левица Савески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.