НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мехмети: Таканаречениот претседател виновник за ерупцијата на кризата

0
By Нова ТВ on May 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таканаречениот претседател Ѓорѓе Иванов е на директен начин клучниот предизвикувач на ерупцијата на политичката криза по објавувањето на аболицијата на 12.април, изјави денеска пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети образложувајќи го приклучувањето на ДУИ во постапката за импичмент на Иванов која ја поведе СДСМ.

– Со таквата контроверзна одлука тој го прегази Уставот, ги погази законите и се повика на закон кој што е поништен во Собранието на Република Македонија, но што е најстрашно од се за еден професор, тој прегази две клични начела во правото: пресумпцијата на невиност и правото на фер судење, изјави Мехмети.

Таа вели клучво за партијата ДУИ е каде е т.н претседател, односно никогаш не се соочил со одлуката која ја донел.

– Кога тоа би била една легитимна, правична одлука, тој како претседател на сите би се одважил, и не би дозволил власта и опозицијата да се надмудруваат кој има мнозинство во Комисијата, туку би дошол овде и би ја образложил одлуката за која повеќе пати рече дека била правична, дополни Мехмети.

Како што вели таа, бруката која и се случува на Македонија е директна последица на Иванов.

А Иванов денеска во обраќање кон јавноста, ја соопшти својата одлука дека аболицијата ја укинува за 22 истакнати политичари, притоа уверувајќи дека се уште смета дека ја донел одлуката со цел да и се стави крај на политичката криза во земјава.

По неговата одлука донесена на 12 април, меѓународната заедница најсотро реагираше дека принципот на неодговорност не соодвестува со меѓународното сфаќање за владеењето на правото.

аболиција Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.