И комесарот Јоханес Хан се согласи со Шарената револуција: одлуката на претседателот Ѓорге Иванов е селективна правда.
Комесарот вечерва на Твитер напиша дека одлуката на Иванов за повлекување на аболицијата за 22 лица не е доволна.
“Одлуката на Иванов за повлекување на аболицијата само за одреден број луѓе не е доволна. Како што постојано ЕУ повторува, потребно е целосно решение за да се избегне селективна правда”, напиша комесарот.
ЕУ и САД одамна предупредуваат дека аболицијата на Иванов е сериозна закана за договорот од Пржино и спречува понатамошни преговори за решавање на политичката криза. Оваа одлука е исто така сериозна закана за европската интеграција на Македонија.