Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарени блокади во Скопје: Овој систем веќе не смее да глуми нормалност

1
By Нова ТВ on June 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 1, 2016 13:43

Со државни и шарени знамиња, членовите на Шарената револуција денеска напладне блокираа три раскрсници во Скопје. Сообраќајот беше прекинат на раскрсницата кај Соборен Храм,  кај Мавровска и Црвениот крст во Центар. „Шарените“ најавуваат дека протестите нема да запрат, туку од ден на ден ќе се одржуваат во различен вид.

-Овој систем веќе не смее да глуми нормалност. Мислам дека ги прегазија сите можни чекори и рамки. Во последните денови сме под голема закана и притисок да престанеме со Шарената револуција. Шарената револуција не само што нема да престане, туку ќе продолжи во секаков вид. Нашите барања се познати и ќе чекаме се додека не се исполнат. Се извинуваме на граѓаните на Скопје што денеска ги ставивме во мал хаос, но во интерес на сите нас ние излеговме и го блокиравме Скопје, изјави Алексадар Младеновски од Шарената револуција.

Улиците беа блокирани половина час, а протестите беа мирни. Скандирањето „Нема правда, нема мир“во близина на Соборниот храм се засили, откако повозрасна жена им дофрли на демонстрантите.

-Ова е еден степен на заострување на нашите начини на протест бидејќи по веќе осум недели протестирање, нашите барања се уште не се исполнети. Единствено, делумно е исполнето барањето за одложување на изборите кои беа закажани за 5.јуни и делумно повлекување на аболициите. Ние сакаме сите 56 аболиции да бидат повлечени и повторно да се врати правниот поредок во оваа држава. Ова ќе биде само денеска, и ние им се извинуваме на сите граѓани на кои им го отежнавме овој ден, но ова не го правиме само за нас, туку за сите граѓани на Република Македонија за да се врати демократијата во нашата држава, посочи Демијан Хаџи-Ангелковски, кој учествуваше во блокадата на раскрсницата близу Мавровка.

Граѓаните обединети под Шарената револуција веќе осум недели преку протести бараат повлекување на целосната одлука за аболиција и оставка на Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и итно ослободување на притворените демонстранти. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

Се до исполнување на овие барања, тие најавуваат дека нема повлекување од улица.

#шаренареволуција блокада протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.