НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Пронајдени докази дека осомничените земале мито за преодни оценки

1
By Нова ТВ on June 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осум лица се осомничени за повеќе коруптивни кривични дела примање и давање поткуп и злоупотреба на службената положба  на Економскиот факултет во Скопје. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков на прес конференција соопшти дека тие е осомничени дека директно или индиректно барале парични средства за услуги кои не смееле да ги зивршат, односно им овозможиле на студенти да се стекнат со оценка по предмети кои тие ги предавале и без соодветно знаење.

Според Чавков тие барале различни суми пари од студенти, кои се движеле од 500 до 1.000 евра и за сметка на овие суми пишувале преодни оценки, а имало и случаи кога оценки добивале и студенти кои немале право да полагаат ниту имале пријавено испити.

Приведени се пет лица, додека за тројца се подготвени покани за разговор кои ќе им бидат врачени.

Опишувајќи ја тнр. коруптивна шема, Чавков рече дека сопственикот на бифето ги земал парите од студентите кои ги предавал на асистентот, а тој на професорите кои пишувале оценки.

Чавков не сакаше да даде повеќе детали за наводите во соопштението на МВР дека некои од осомничените барале и сексуални услуги од студентите и рече дека во текот на истрагата и судскиот процес Обвинителството ќе ги изложи сите докази.

Полицијата досега извршила 13 претреси во 7 домови на осомничените, во 4 кабинети, во бифето и на Студентските прашања.Кај еден осомничен во возилото се пронајдени 1.000 евра. Кај друг е пронајден мобилен телефон што според Чавков е предмет на кривично дело. Во Кабинет кај еден професор се пронајдени 4 индекси на студенти, додек во домот на еден професор е пронајден еден индекс. Во бифето на факултетот се пронајдени две пријави за испити, додека од Студентските прашања се одземени 17 досиеја од прва година. Пронајден е и нотес со имиња и матични броеви на студенти.

Во однос на силното полициско обезбедување, кое вчера цело попладне беше присутно на УКИМ, Чавков посочи дека согласно Законто з аобразование, МВР има право за присуство на факултетите и со тоа не е нарушена автономијата. Сепак, Чавков вели дека полицијата иако не била обврзана, сепак било испратено известување до Ректоратот за акцијата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.