НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Емин Џијан и Јуан Аткинс ќе настапат со Белградска Филхармонија

0
By Нова ТВ on June 7, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од најдобрите македонски музички уметници, Џијан Емин на 14 јуни ќе настапи во Белград, како диригент со Белградскиот симфониски оркестар и со американскиот диџеј и продуцент Јуан Аткинс. Овој несекојдневен музички настан ќе се одржи во Старата Циглана, како централен настан во рамките на второто издание на фестивалот „ДЕВ9Т”.

емин џијан
Емин Џијан

Диригентот и композиторот Емин е задолжен и за оркестрацијата на 11-те композиции за симфониски оркестар кои премиерно ќе бидат изведени токму во Белград, а покрај Јуан Аткинс, кој ќе настапи како солист на клавијатури и електроника, на концертот ќе гостува и вокалниот солист Милан Ариел.

аткинс
Јуан Аткинс

Новиот проект на Емин и продукциската куќа „Излет Мјузик” е своевидно продолжение на претходниот мошне успешен проект со познатиот диџеј Дерик Меј, кој се одржа во Охрид заедно со Македонската филхармонија и со кој беа остварени и неколку значајни гостувања во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија). Синергијата на електронската и класичната музика и овој пат е генерален опис на музиката која што ќе може да ја слушне белградската публика во Старата Циглана.

– Се надеваме дека и овој нов проект ќе имаме можност да го промовираме на различни сцени низ светот, а целта е да допреме до вистинските љубители на т.н. ‘андерграунд’ звук и до љубителите на добрата музика воопшто, велат од „Излет Мјузик”.

Џијан Емин истакнува дека концептот на овој проект во основа е ист како и претходниот со Дерик Меј.

– Ќе имаме можност да изведеме електро-акустичен концерт поткрепен со високо квалитетно озвучување и светлосни и визуелни ефекти. Разликата е во самата музика која носи различен тематски материјал која мене ме инспирира на сосема друг начин од она што претходно го работев, вклучувајќи ги и актуелните случувања во нашата држава кои секако имаат огромно влијание врз работата на секој уметник, вели Емин.

Тој додава дека сега, иако композициските техники на неговата работа се слични, има новина во инструментацијата, односно обоите и фаготите се заменети со саксофони кои носат сосема нов звук и со тоа флексибилноста на дувачката секција е на повисоко ниво.

– Мислам дека ќе имаме динамичен концерт, со големи контрасти и различни бои и се надевам дека публиката ќе може да и се препушти на енергијата која ја носи самата музика, вели Емин.

Диџејот и продуцентот од Детроит, Јуан Аткинс, заедно со Дерик Меј и Кевин Сандерсон е член на познатата „Белевил” тројка, екипата која директно е задолжена за создавањето на Детроит техно сцената. Аткинс го нарекуваат кум на поимот „техно” и негова е заслугата на целокупното музичко шаренило со своите поджанрови кое денес се појавува под тоа име. Зад себе има повеќе од 20 изданија и 30 – годишна кариера со многубројни настапи ширум светот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.