Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Пророштвата на европските гатачи

0
By Светлана Јовановска on June 12, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 12, 2016 10:26

Побрзајте! Времето ви истекува! Ова е пораката која редовно ни ја упатуваат европските гатачи. Пораката потсетува на зборовите на гатачката Питија чии пророштва биле вистински загатки. Мудрите луѓе во античка Грција со денови се мачеле да го откријат нивното значење. Ние во денешната античка Македонија сме на исти маки.

Јоханес Хајндл три пати дојде во Скопје. Сите македонски очи беа свртени кон него. Сите се надеваа дека тој ќе извади волшебно стапче од џебот и хоп – ќе ни ја реши нашата длабока, сериозна политичка криза на задоволство на сите.

Но, волшебно стапче немаше. Хајндл вели излезот од политичката криза е Договорот од Пржино. Но тој, е блокиран, кризата трае а времето истекува.

По Хајндл еве го со слична порака и неговиот австриски имењак Јоханес Хан.

Премногу време беше загубено во последната година, ни твитна европскиот гатач. Од одамна слични пораки од Европа во Македонија редовно стасуваат.

Времето за кое толку зборуваат можеби се однесува на нашата препорака која ветува дека еден ден навистина ќе станеме полноправна членка на Европската унија. Европа одамна се заканува дека ќе ни ја одземе препораката. Уште од времето на Чехот Штефан Филе. Но од закана, до реализација на заканата, има огромен јаз. Кој Европа засега не е подготвена да го пречекори. На Унијата никогаш не и се случило да одземе дадена препорака и не посакува ваква премиера. А тој документ и гарантира на Унијата влијание во Македонија.

Времето кое истекува можеби се однесува на рокот во кој Специјалното обвинителство може да покрене обвинение за прислушуваните разговори. Рок кој истекува на 15 март 2017 година. А без правда и пресуди за сите кои се огрешиле од законот кризата едноставно не може да заврши.

Сега во Македонија би бил добредојден антички мудрец. Да ги протолкува зборовите на европските гатачи. Да каже дека да потребно е да се побрза полека. Тој што оди полека брзо стасува до целта, вели народната мудрост. На нашите политичари им недостасува vakva мудрост. He можат да видат дека вака никаде не одиме. А времето кое истекува се однесува на иднината на Македонија.

ЕУ хроника пророштва Хајндл Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.