Косовскиот Парламент донесе одлука да му го продолжи мандатот на Еулекс за уште две години. Со 84 гласови за, шест против и еден воздржан, косовските пратеници одлучија оваа мисија и натаму да остане на Косово.
Мнозинството пратеници во своите дискусии сметаат дека мисијата на Еулекс во изминатиот период не одговорила на поставената задача и побараа да ја исполни целта за која доаѓа во Косово.
Во обраќањето до пратениците, премиерот Иса Мустафа побара да се изгласа продолжување на престојот на мисијата, бидејќи на тој начин му правеле услуга на косовското правосудство.
„Владата високо ја цени мисијата на Еулекс и треба понатаму да остане во Косово со цел да се зајакне судскиот систем во земјата за да може да се справи со организираниот криминал и корупцијата“, смета Муса.
Советот на ЕУ ја продолжи мисијата до 14 јуни 2018 година и одобри буџет од 63,6 милиони евра,Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово почна во 2008 година.