Што се случува?
Референдумот ќе се одржи во четврток на 23 јуни и на истиот ќе се одлучува дали Британија треба да остане или да ја напушти Европската унија.
Зошто се одржува референдумот?
Британскиот премиер Дејвид Камерун вети дека ќе го одржи доколку ги добие парламентарните избори во 2015 година како одговор на растечките повици од конзервативците од неговата партија и партијата УКИП. Тие тврдат дека Британија нема збор во ЕУ од 1975-та кога гласашее за влез во унијата на референдум.
Кое е референдумското прашање?
„Треба ли Обединетото кралство да остане членка на Европската унија и треба да ја напушти?“.
Кој ќе гласа?
Британците, Ирците и граѓаните на Комонвелтот кои се постари од 18 години, како и британските граѓани кои живеат надвор од Велика Британија, а се наоѓаат на избирачкиот список 15 години.
Како се гласа?
Ќе се гласа лично, односно граѓаните ќе добијат покана на домашна адреса која ќе го содржи гласачкото место. Гласаат во полициска станица каде што им даваат лист со референдумското прашање. Исто така, постои опција да се гласа и по пошта.
Камерун проба и ги смени условите за Британија во ЕУ или?
Да. Ова беше голема вест во јануари и фебруари кога тој постигна договор со лидерите на ЕУ да ги промени условите на британското членство. Овој договор ќе биде ефективен на денот по референдумот доколку Британија гласа за останување во ЕУ. Истиот и дава специјален статус и ќе помогне да се променат некои од работите кои не им се допаѓаат на Британците, како имиграционите политики и правото на поголемо одлучување за некои од внатрешните работи. Критичарите велат дека истиот нема да и донесе големи бенефиции на ЕУ.
Кој во Британија сака надвор од ЕУ?
Британската јавност е дефинитивно поделена. Британската партија за независност (УКИП), која победи на последните европски парламентарни избори и доби речиси 4 милиони гласа и мнозинство од пратениците во европскиот парламент, сега е во кампања за излез на Британија од ЕУ. T Речиси половина од пратениците на конзервативците, вклучувајќи и пет члена на кабинетот на министри, како и неколку од пратениците на лабуристите се исто така за излез.
Зошто сакаат надвор?
Тие веруваат дека Британија е заложник на европските политики и дека на тој начи е уназадена поради преголемото регулирање на бизнисот, како и наплатите во милијарди за годишно членство во унијата. Тие исто така бараат Британија да ја врати целосната контрола над своите граници и да го намали бројот на мигранти кои доаѓаат да живеат и работат. Еден од главните принципи на ЕУ е слободата на движење, што значи дека на жителите на членките не им треба виза за да одат да живеат или да работат некаде во унијата. Тие се опираат и на идејата за уште поунитарна ЕУ или она што се нарекува движење кон Обединети држави на Европа.
Кој сака Британија да остане во ЕУ?
Премиерот Дејвид Камерун сака Британија да остане во ЕУ. Шеснаесет членови на неговиот кабинет исто така. Конзервативната партија се огласи за неутрална во процесот, иако некои членови индивидуално поддржуваат излез или останување, лабуристите се исто против, како и СНП, Либ Демс и други. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сака Британија да остане во ЕУ, како и Франција и Германија. Како што споменавме и погоре, британската јавност е еднакво поделена по ова прашање, според последните анкети.
Зошто сакаат да останат?
Оние кои се во кампања за останување велат дека Британија добива многу од членството. Може да продава слободно во унијата без никакви препреки и исто така, тврдат дека бројот на мигранти не е закана бидејќи станува збори за помлади луѓе кои сакаат да работат и кои не се не социјално, а со тоа допринесуваат за растот на економијата и за плаќањето на јавните трошоци. Тие веруваат дека статусот на Британија во светот ќе биде оштетен со напуштањето и дека како дел од семејството од 28 членки тие се посигурни отколку сами. Тие исто така зборуваат дека опонентите лажат кога зборуваат дека Британија плаќа милијарди годишно за членство, а постојано во јавноста мора да демонтираат и други лажни факти кои националистите ги користат во јавниот дискурс кога сакаат да објаснат зошто е подобро без ЕУ.
Што е со бизнисот?
Големите бизниси со помали исклучоци го фаворизираат останувањето во ЕУ бидејќи за нив така е полесно и движењетето на парите и стоките и самата трговија насекаде низ светот. Дел од малите и средни бизниси сакаат надвор бидејќи сметаат дека така ќе се намалат европските регулативи врз нив. Британската стопанска комора вели дека 55 проценти од нивните членки го поддржуваат останувањето во унијата.
Кои се правилата на кампања?
Британската државна комисија вели дека се погрижила ова да биде фер натпревар. Двете страни добиваат грантови од 600,000 фунти, а максималниот буџет што може да го потрошат е 7 милиони фунти.
Кој ги води ривалските страни во кампањата?
- Британија посилна во Европа – Оваа кампања е предводена од Лорд Роуз, порашенен претседател на компанијата „Марск анд Спенсер“. Тој е поддржат од клучните фигури оод Конзервативнат партија како премиерот Камерун и канцеларот Џорџ Озборн, повеќето од лабуристичките пратеници вклучувајќи го и лидерот Џереми Корбин. Кој ја финансира кампањата: Досега тие собраа 6.88 милиони фунти, поддржани од две големи донации во вкупен износ од 2,3 милиони фунти, двете донации од магнатот со ланец супермаркети Лорд Саинсбери. Кој друг е во кампања: СНП води своја кампања во Шкотска и не сака да ја дели платформата со конзервативците.
- Гласај за излез – Оваа кампања е предводена од постарите конзервативци како Мајкл Гоув, а тука е поранешниот градоначалник на Лондон и актуелен пратеник Борис Џонсон, од УКИП е Даглас Каршвел и Сузан Еванс, како и ДУП од Северна Ирска. Тие имаат и мрежа на збратимени групи како „Фармерите за Британија“, „Муслиманите за Британија“ и една анти-геј група чија цел е да лобираат внатре во заедниците. Кој ја финансира кампањата: Досега собраа 2.78 милиони фунти. Најголемата донација од половина милион фунти е од Патрик Барбор, бизнисмен. Поранешниот благајник на конзервативците даде 350, 000 фунти, а могулот Теренс Адамс 300,000. Кој друг е во кампања: Лидерот на УКИП Најџел Фараж не е дел од нив, тој има своја кампања. Трговската унија и Коалицијата на социјалистите исто така се сами во кампања.