Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот повторно ќе одлучува за случајот „Тврдина“

0
By Нова ТВ on June 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2016 17:50

Kривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тврдина“ и сите одлуки на судијата на претходна постапка ги врати на повторно одлучување. Меѓу нив беше и барањето на СЈО за притвор за Горан Грујовски, началник во МВР кој од тимот на Катица Јанева е осомничен за уништување на прислушна опрема.

„Жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за лицето Г.Г. кое е опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“ се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14.06.2016 година со кое предлогот за определување на мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен, денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка“, стои во соопштението на Судот.

Предметот Тврдина деновиве повторно стана актуелен во јавноста, откако Иванво ја укина аболицијаа која ги опфати и осомничените во овој предмет. По аболициајта, судијката Поп-Стефанија ги одби барања на СЈО и наведе дека обвинителството не доставило доказ околу надлежноста на овој предмет.

На ова следуваше обемно образложение од Специјалното обвинителство. Од опозициската СДСМ пак најавија дека ќе поднесат кривична пријава, бидејќи како што тврдат судијката  немала законско право да одлучува за предмети за организиран криминал.

 

За случајот Тврдина СЈО ги товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска декаво март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.

За началникот Горан Грујовски, СЈО бараше судот да му додели мерка притвор, но тој доби куќен притвор и по неколку дена беше ослободен по одлуката за аболиција, додека за останатите четворица осомничени, меѓу кои и Јанкуловска, СЈО бара мерки за претпазливост.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.