Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО му докажува на судот дека случајот „Тврдина“ е во нивна надлежност

1
By Нова ТВ on June 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 13, 2016 18:59

Специјалното јавно обвинителство преку писмено образложение попладнево детално на Судот му образложи зошто е надлежно за предметот со незаконското уништување на опремата за прислушување, познат како „Тврдина“, откако дообјаснување околу надлежноста на СЈО врз овој предмет побара судијка од Кривичниот суд со образложение дека СЈО не доставиле докази на кои се повикуваат на наредбата за спроведување на истражна постапка.

-Во Кривичниот законик е определено за кое кривично дело кој е овластен тужител, поточно истиот определува за кои кривични дела гони приватниот тужител, а сите други се во надлежност на јавниот обвинител, како овластен тужител.Кривичните дела за кои се терети осомничениот Г.Г. се гонат по службена должност и овластен тужител за истите е јавниот обвинител.Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е востановено во правниот систем на Република Македонија со Законот донесен во Собранието на Република Македонија, и со тоа станува дел од Јавнообвинителската структура. Со тоа Јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство станува овластен тужител за кривични дела за кои се гони по службена должност.

Надлежноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е предвидена во членот 5 од Законот и многу јасно е наведено дека Јавниот обвинител е овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, се вели во образложението на Јанева.

Во долгото писмо до судот СЈО појаснува неколку пати дека предметот за опремата треба да се третира исто како и Пуч и првоосмничениот кој беше во куќен притвор да биде повторно под надзор на судот и полицијата.

-Законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување во насока на попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и  секако тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејствија судот не може да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства.

Значи, доколку го видите описот на дејствијата за кои се терети осомничениот Г.Г. во наредбата за спроведување на истрага, заедно со приложените докази ќе видите дека истиот се терети за криминални дејствија со кои незаконски е уништена опремата за следење на комуникациите, а која била користена за незаконско следење на комуникациите. Таквиот факт впрочем е утврден со правосилна пресуда на Вашиот суд, врз основа на Предлог спогодба…Од Вашиот допис не е разбирливо дали предлогот за мерки на претпазливост е неразбирлив или не содржи се што е потребно за да ни го доставите на доуредување, па ако не го доуредиме да го отфрлите. Според одредбата на која се повикувате тоа се единствените можности кои ги има судот за да врати одреден поднесок на доуредување, меѓутоа од дописот не се стекнува впечаток дека предлогот ни е неразбирлив или дека не содржи се што е потребно. Напротив, истиот ги содржи сите задолжителни елементи кои ги предвидува законот за таков предлог, по кој може судот да донесе решение согласно член 147 од ЗКП. се вели во писменото образложение на Јанева.

Од СЈО се изненадени што Судот бара дополнително образложение за надлежноста, со оглед на фактот што на  началникот Горан Грујовски, судот веќе еднаш му даде мерка притвор која за помалку од една недела беше заменета со куќен притвор. Подоцна со одлуката на Иванов за колективна аболицијата со која беше опфатен и Грујовски, притворот беше прекинат. Со укинувањето на аболицијата од СЈО повторно барат притвор за него, како и мерки за претпазливост за уште четири осомничени лица во овој случај.

За случајот Тврдина СЈО ги товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска дека во март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.

Предмет„Тврдина“: Незаконско уништување на опрема за прислушување

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.