Kривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тврдина“ и сите одлуки на судијата на претходна постапка ги врати на повторно одлучување. Меѓу нив беше и барањето на СЈО за притвор за Горан Грујовски, началник во МВР кој од тимот на Катица Јанева е осомничен за уништување на прислушна опрема.
„Жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за лицето Г.Г. кое е опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“ се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14.06.2016 година со кое предлогот за определување на мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен, денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка“, стои во соопштението на Судот.
Предметот Тврдина деновиве повторно стана актуелен во јавноста, откако Иванво ја укина аболицијаа која ги опфати и осомничените во овој предмет. По аболициајта, судијката Поп-Стефанија ги одби барања на СЈО и наведе дека обвинителството не доставило доказ околу надлежноста на овој предмет.
На ова следуваше обемно образложение од Специјалното обвинителство. Од опозициската СДСМ пак најавија дека ќе поднесат кривична пријава, бидејќи како што тврдат судијката немала законско право да одлучува за предмети за организиран криминал.
За случајот Тврдина СЈО ги товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска декаво март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.
За началникот Горан Грујовски, СЈО бараше судот да му додели мерка притвор, но тој доби куќен притвор и по неколку дена беше ослободен по одлуката за аболиција, додека за останатите четворица осомничени, меѓу кои и Јанкуловска, СЈО бара мерки за претпазливост.




