Скулптурата „’Ртење“ на авторот Драган Поповски – Дада се уште стои фрлена во близина на Музејот на град Скопје, меѓу шутот што го нагрдува околниот простор.
Скулптурата е изработена во1988 година, по барање на тогашната влада и се’ до отстранувањето, таа стоеше поставена на просторот каде што денес се наоѓа објектот на Старо-новиот театар во изградба.
Во разговор за Утрински весник автор вели дека досега никој не го известил дека уметничкото дело изработено од бел прилепски мермер најпрвин ќе му биде отстрането од првобитниот простор каде што се наоѓаше, а потоа ќе биде префрлено зад Музејот.