Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц утрово изјави дека ЕУ е подготвеена за резултатите од британскиот референдум, но жалат за оваа одлука. Тој додаде дека ја почитуваат сувереноста на волјата на гласачите и дека тие сега „се на чистто дека Британија ќе оди по својот пат“.
„Сепак, начинот на кој се водеше кампањата во Британија не е добар пример за Европа“, рече Шулц.
Ја почитуваме, но искрено жалиме за одлуката на британските гласачи. Ова ќе предизвика голема штета на двете страни, пиша на Твитер Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија, најголемата партија во Европскиот парламент.
Германскиот министер Франк Волтер Стајнмаер на својот твитер профил утрово објави: „ Раните утрински часови донесоа навистина отрезнувачки вести од Велика Британија. Тажен ден за Европа“
Изјава даде и премиерот на Австралија кој рече дека иако ова нема да ја погоди директно Австралија, сепак ќе донесе голема глобална економска неизвесност.