„Бесен сум на секој конзервативен пратеник, на секој конзервативен министер кои во изминативе години неосновано популистички ја критикуваше ЕУ за ефтини политички цели, знаејќи дека е во наш најдобар интерес да сме дел од ЕУ. И сега дојдовме до овој референдум, кој патем почна пред 6 недели?! И тие не можеа да се воздржат од создаањето чувство на недоверба во европските институции, кои беа толку јасно во наш интерес, во интерес на секој работен човек во оваа земја“, рече Тим Фарон, лидер на Либералдемократите од Британија.
„Луѓето утрово ќе се разбудат со превирања на берзите и паѓање на фунтата и владата се заканува со зголемување на даноците и намалување на јавните услуги. Владата сега мора да преземе чекори за стабилизирање на економијата и заштита на работните места, пензиите и платите. Ние нема да дозволиме нестабилноста да биде платена од страна на работниот народ на оваа земја, изјави министерот за финансии, во владата во сенка, лабуристот Џон Мекдонел.
Лидерот на УКИП чиј имиџ е националфашистички ајџел Фораџ, веќе се огласи во јавноста околу 5 утринава изјавувајќи дека денешниот ден ќе биде „денот на независноста“. Известувачот на „Гардијан„, пак пишува дека од утре може да се очекуваат оставки на партиски лидери, а прогнозира и втор референдум за независност на Шкотска.
Велика Британија гласаше за излез од Европската унија, објави ББС. 15,882,960 илјади гласачи гласале за излез од унијата, додека 14, 753, 943 гласале против според последните и многу веројатно финални бројки на Британската изборна комисија.ки, Н