Лидерите на европските институции побараа од Велика Британија што побрзо да ги започне процедурите за излез на оваа островска земја од ЕУ откако нејзините жители ставија на знаење дека повеќе не сакаат да бидат дел од европската авантура.
Претседателите на Европската комисија, на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ Жан-Клод Јункер, Мартин Шулц и Доналд Туск како и холандскиот премиер Марк Руте, актуелен претседавач со ЕУ, утринава одржаа итен и кус состанок:
“Очекуваме од британската влада да ја ефектуира одлуката на британскиот народ што е можно побрзо”, изјавија тие во заедничка декларација.
“Ние сме подготвени да ги почнеме преговорите. Ова е преседан но ние сме обединети во одговорот што ќе го дадеме. Ние ќе продолжиме да ги браниме фундаменталните европски вредности за да промовираме мир и добробит за народите. Европската унија со 27 членки ќе продолжи”, изјавија европските лидери.